(Видеоинтервју) Есмеров: ЕУ и САД нема да се мешаат во внатрешните работи на Унгарија

Поранешниот амбасадор на Македонија во Унгарија, Игор Есмеров, во интервју за „Макфакс“ тврди дека се крајно симптоматични тврдењата на премиерот Зоран Заев кој отвори сомнежи дали експремиерот Никола Груевски бил киднапиран или доброволно заминал од земјава. Тој вели дека Заев треба детално да ги образложи овие тврдења за да нема забуни во јавностa.

Мандатот на Есмеров како унгарски амбасадор му заврши на 30 јуни годинава. Тој вели дека односите меѓу Македонија и Унгарија биле многу блиски, особено за време на владеењето на Груевски, не сака да шпекулира дали унгарскиот премиер Виктор Орбан има директно учество во бегството на Груевски и неговото барање на азил, а вели и дека до некаде може да го разбере потегот на поранешниот премиер.

„Не можам да кажам како е можно да ги премине границите со дипломатско возило, но можам да го разберам, потегот е легитимен. Тој е осуден на две години затвор, но границите ги минува легално, со дипломатско возило, во момент кога за него не е распишана меѓународна потерница“, вели Есмеров, додавајќи дека ова е прв ваков случај со кој се соочува, не само тој, туку било кој дипломат од земјава.

Есмеров смета дека случајот е внатрешно-политичко прашање на Унгарија.

„Дали ќе му се овозможи азил или не, зависи само од Унгарија и тоа е нејзино внатрешно-политичко прашање. Мислам дека ЕУ и САД нема да се вмешаат во овие прашања“, вели тој.

Со оглед на тоа што Есмеров набрзо се враќа во Будимпешта, вели дека доколку Груевски побара, тој би се сретнал со него, иако во последнава година и половина немал никакви контакти со експремиерот и поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Во прилог е целото интервју со поранешниот амбасадор на Унгарија.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари