Тешко повреден кичевец откако паднал од работна машина

Педесет и двегодишен маж од Кичево е тешко повреден откако паднал од работна машина „БОБ кет“, која влечела приколка натоварена со дрва.

Инцидентот се случил синоќа во 20:30 часот во Кичево на улица Амит Челопечанец, соопшти МВР.

По незгодата, М.Р. бил префрлен во Медицински центар Кичево, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди и истиот е испратен во болницата „Свети Еразмо“  – Охрид.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари