Македонија вечна: овие и ваквите ќе ја сределе државата

Скандалите на Фрчкоски: Шверц, криминал, поврзаност со атентатот на Глигоров…

Од своето појавување во политиката името на Љубомир Фрчкоски е поврзано со скандали, криминал, насилства врз студентки, документи за негово кодошење, јавни набавки без тендери, атентат врз претседател кој е заташкан... министер за внатрешни, па министер за надворешни работи, прозиван за прислушкување на опозицијата, водење тајни досијеа за политичките противници и новинарите, исчезнување 25 кг кокаин од депото на МВР... кандидат за претседател од СДСМ кој загубил на избори од Иванов. Еве го и сега како “спасител“ на државата. Но, Македонија памти. 

Низа скандали поврзани со криминал, сомнителни набавки, шверц, сведоштва за директна поврзаност со атентатот на Киро Глигоров, брутални навреди кон македонскиот народ стојат зад името на поранешниот министер за внатрешни работи од времето на СДСМ и претседателски кандидат на најголемата опозициска партија Љубомир Фрчкоски, најголемиот хушкач кој буквално ја има киднапирано СДСМ, пишува „Курир".

Без никаков морален кредибилитет, Фрчкоски е човекот зад кој стојат огромен број на криминални афери во изминатите години. Дури и негови блиски соработници, низ изминативе години директно сведочат за каков профил на човек станува збор, според нивни тврдења, "најголем криминалец и арамија".

Во јавноста беше објавено интервју со Роли Јакуповиќ, еден од сведоците на матните 90-ти во Македонија, тогашен прв човек на обезбедувањето на СДСМ.

- Најголемиот криминалец и арамија тие десетина години во Македонија – Бобан или Фрчко... Јас одговорно и кривично и материјално тврдам дека тој човек е криминалец. Тоа што го обвинуваат Војо и Ламбе е само 0,001 отсто од тоа што го правеше Фрчко. Па само за презентација за една Нова година потроши 40.000 марки, 1.000 марки даде само за шноли и вратоврски. Да не зборувам за милионските бизниси со фри шоповите, во кои влезе заедно со неговиот брат. Сигурно се сеќавате на рејбан очилата. Јас и Славчо Саздов му ги понудивме за 15 марки по парче, а тој купи од Србија по 98 марки, вели Јакуповиќ во интервку објавено на 10-ти септември 2006 година во весникот Вечер.

Во истотo интервју Јакуповиќ тврди дека Фрчкоски фрлал пари за слики, за скулптури, за што уште не без никакви тендери, се договорено во четири очи за износи од стотици илјади долари.

- А пак кога беше министер за надворешни работи го праќаше Славчо дури во Куба за да му купи пури. Ќе ви кажам и друга случка. Во една прилика бевме во Турција за да го поправиме моторот од полициската јахта. Бевме со "мерцедес кабриолет", јас, возачот на Фрчко, Диме, возачот на Бранко Црвенковски, Зоки Миравац и еден инженер Ристо, на презимето не се сеќавам. Отидовме и ни кажаа дека моторот не го бива. Му јавив на Фрчко, тој ми рече: "Продај го, и дај му ги парите на Диме. Бидна работата а од износот издвоивме околу 1.000 марки за на шопинг, бидејќи добивме порачка на Фрчко да му купиме нешто за гардероба. Во продавницата Диме извади 20.000 долари, кои беа гланц нови, како да ги печател вечерта во хотелот. Нив и парите од моторот ги потрошивме во целост, ама му купивме добри работи на Фрчко. Кога се вративме, му велам: "Што само на возачот му даваш пари, мене никогаш не си ми далè. Фрчко само ми рече "Па никогаш не си побарал, кажи колку сакаш не е проблем, вели Јакуповиќ.

На прашањето дека освен овие, се спомнуваат и криминали кои се ценеа над 10-тина милиони евра, Јакуповиќ вели дека само за наводни дизајни на сообраќајните и возачките дозволи Фрчкоски фиктивно исплатил над 20.000 долари.

- Пример за тоа се набавките и печатењето на пасоши, сообраќајни и возачки дозволи преку фирмата ЗУС. Јас и Славчо Саздов го запознавме со директорот на ЗУС, Милан. Само што ги запознавме, веднаш се поврзаа, и целиот профит од обрасците кои МВР ги набавуваше од ЗУС го делеа 30 отсто за Фрчко, 70 за ЗУС. Само за наводни дизајни на сообраќајните и возачките дозволи Фрчко фиктивно исплати над 20.000 долари. Бизнисот се плати за 18 милиони долари, а вредеше половина од тоа, вели Јакуповиќ.

Братот на Фрчкоски крал на шверцот

Брат му на Фрчко, Влатко, ги сместуваше сите бизнисмени со цигари и алкохол во Гранд хотел. Најчесто Срби, оти тогаш беше ембаргото, па најмногу работеше со нив, вели Јакуповиќ во интервјуто.

– Во еден наврат бевме кај Лазе Китановски дома и случајно го видовме Фрчковски, како со својот "голф" ГТИ кој вредеше околу сегашни 40.000 евра, влегува кај Шутурков. Го забележавме тоа, почнавме да го сликаме. Кога голфот излегуваше од кај Шутурков, имаше нешто тешко во гепекот бидејки задниот дел беше искосен речиси допирајќи го асфалтот. Тие слики постојат, му ги дадовме на Лазе Китановски. Што имаше во автомобилот не знам, ама може да претпоставите. За неговите средби со Шутурков не знаеше ниту неговиот шеф, Црвенковски, вели Јакуповиќ.

На прашањето каква била улогата на братот на Фрчкоски, тој тврди дека Влатко му бил оперативец на Фрчко.

-Помнам еднаш бевме во неговиот кабинет, кога му јавија дека два камиони со моторно масло заглавиле во царината во Крива Паланка. Фрчко веднаш му се јави на Влатко да оди таму и да ги земе камионите. Во меѓувреме, го натера Томче Николовски, тогашен началник на НТШ, да се јави во паланечката царина и да нареди да ги пушти камионите. По еден месец разбравме дека ги зеле Влатко и Добри Величковски, но што се случи со нив, не знам, додава Јакуповиќ.

Зошто овие работи не сте ги кажале пред јавен обвинител?

- Се обидов. Повеќе пати информациите за неговиот криминал ги давав до неколку обвинители и шефови на сектори во МВР. Откако немаше резултат во 1998 се обидов со јавен настап на СИТЕЛ Телевизија дел до тоа да обелоденам. Наместо акција за истрага, се случи притисок врз мене и Телевизијата. Во една прилика се видов со тогашниот јавен обвинител Стеван Павлевски во ресторанот "Три Бисериè. Му велам: "Дај видете човеков нема веќе исавè. Тој само ми врати: "Седи бе Роли, знаеш ли кој е Фрчко. Каков Бранко, каков Кироè. Подоцна, пак, имаше среќа што Ставре Џиков дојде за обвинител. Инаку, со толку кривични пријави ќе беше осуден барем на 10 години. Џиков го нарекува "мојот почитуван колегаè. Како може тој криминалец да биде почитуван. Дури и сега да се отвори истрага, да му се прочепка за тоа време, јас тврдам дека тој повторно ќе оди во затвор.
Затоа, по најавата дека Павле Трајанов бара формирање Агенција за борба против корупција што ќе следи криминал 15 години наназад, Фрчковски е исплашен и ги напаѓа Трајанов и Михајло Маневски. Трајанов, а и Маневски кој потоа работеше во обвинителството, знаат што сў работеше Фрчковски, знаат за добар дел од организираниот криминал во деведесеттите, им треба само законско овластување и јавна поддршка за да успеат. Јас, искрено, се надевам дека ќе добијат поддршка. Како граѓанин кој во определен неколкугодишен период бил сведок на тој криминал, сакам да имам сатисфакција.

(Нетпрес, 05 јуни 2015)

Јасен е случајот со шверц на нафта. Бранко како премиер, Фрчкоски како министер во кафеаната Идадија договарале шверц на нафтата. Дури и тарифата е позната. За секој литар Бранко и Фрчкоски заработувале по 25 фенинзи. Ова не го кажува ВМРО-ДПМНЕ, туку го кажува и сведочи директен учесник во тој криминал, Љубомир Магаш кој е лично сведок и учесник во шверцот од српска страна, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Бичиклиски

СДСМ се оградува од признанието на Љубомир Фрчкоски дека се кршело ембаргото во '90-тите и ги повикуваат институциите да го истражат случајот. Генералниот секретар на партијата Андреј Петров, на вчерашната прес-конференција на новинарското прашање кој е партискиот став по тоа прашање одговори дека изјавите на Фрчковски се лични, а не официјални партиски ставови.
- Не може ставовите на поединци, без разлика на која функција се наоѓале или се наоѓаат на државата, да се лепат на ставовите на СДСМ како политичка партија.

По аналогија на нештата, изјавите на одредени екстремни поединци од ВМРО-ДПМНЕ, од типот на она што го кажува Тодор Петров или она што го изјавува нашиот амбасадор во НАТО, кои се екстремни и анти ЕУ и НАТО, би требало да бидат платформа на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, изјави Петров, појаснувајќи дека Фрчковски всушност и нема партиска книшка на СДСМ, туку само е член на Дипломатскиот совет на партијата кое е пошироко тело и кое дозволува да членуваат и луѓе кои не се членови на партијата.
Љубомир Фрчковски беше претседателски кандидат на СДСМ во 2009 година.

(Вечер, 15 октомври 2012)

ВМРО-Народна на вчерашните консултации со СДСМ ги предложил Љубомир Фрчковски и Владо Поповски да учествуваат во експертскиот тим, што ќе работат на уставните промени што ќе овозможат реформи во судството.

ВМРО-Народна го отворила и прашањето за "Раштански лозја", и судскиот процес против Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски, законот за амнестија и статусот на бранителите. Вчерашната средба беше прва од серијата консултации што ќе се води меѓу парламентарните партии.

Од СДСМ присуствуваа лидерот Владо Бучковски, партискиот секретар Никола Ќуркчиев, потпретседателот Илинка Митрева и партискиот портпарол Борис Кондарко.

Делегацијата на ВМРО-Народна ја сочинуваа Љубчо Георгиевски, в.д. претседателот Весна Јаневска и пратеникот Жарко Караџовски. "Се согласивме дека треба реформи во судството. Предложивме да се формира експертски тим во кој би се вклучиле и претставници од парламентарните партии. Ние ги предложивме во тој тим да бидат вклучени и Љубомир Фрчковски и Владо Поповски. За конкретни предлози од владиниот предлог не расправавме", изјави Весна Јаневска, по средбата.

Никола Ќуркчиев рече дека за предлогот за Љубомир Фрчковски ќе се разгледа дополнително и најави дека за десетина дена ќе бидат завршени политичките консултации за промена на Уставот. Следната средба е најавена за вторник со делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ.

(Вечер, 22 април 2005)

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари