Шекеринска во Аеродром: Ве повикувам да се сплотиме, не постои поголема лојалност од лојалноста кон својата земја

,,Македонските граѓани секогаш биле обединети околу тоа каде сакаат да ја видат својата земја, а тоа е во ЕУ и НАТО. На една страна е понудата да гласаме ЗА на 30 септември и да ја внесеме државата во ЕУ и НАТО, а на другата страна нема алтернатива. Обезбедивме договор кој го гарантира македонскиот јазик, кој не дефинира како тоа што сме – Македонци, кој ни дава шанса да се чувствуваме гордо заради иднината на нашите деца. Ги повикувам сите – не постои поголема лојалност од лојалноста кон државата, не постои поголема одговорност од одговорноста кон нашите деца. На 30 септември да гласаме како едно, обединети, за европска Македонија”, порача министерката Шекеринска на вечерашната трибина во Аеродром.

Таа рече дека светот и ги отвори вратите на Македонија бидејќи Македонија покажа дека знае каде да оди. Меркел, Столтенберг, Матис, Буш, ја дадоа својата поддршка бидејќи Македонија ја заслужи шансата да стане дел од најмоќните сојузи на светот, а сигурна Македонија значи сигурен Балкан. Но тие не ја носат одлуката за Македонија, туку тоа треба да го сторат граѓаните. Не смееме да дозволиме оваа шанса да ни се лизне низ прстите. Македонија не смее да се кае, туку да носи одлуки кои ќе не направат силни, цврсти и моќни – рече Шекеринска.

Министерката рече дека со истата увереност, знаење и труд кои во 2005 година на Македонија и го донесоа статусот кандидат за членство во ЕУ, ќе сработиме и ќе станеме 30-та земја членка на НАТО, рамо до рамо со најмоќните и најперспективните држави во светот. НАТО значи безбедност, а економските резултати секогаш одат заедно со членството во НАТО. ЕУ значи одлучување на иста маса, солидарност и можности. Ако денеска Македонија дневно влегуваат 260 000 евра европски пари, Хрватска добива 3 милиони евра европски пари секој ден. Најпатриотски чин е да ја искористиме оваа шанса и да создадеме можности за нашите општини, бизниси и нашите млади – рече министерката.

Таа одговори на сите прашања на трибината и повика да се прифаќа дебата со сите, бидејќи аргументите се на страната на определените за европска Македонија.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари