Полицијата трага по непознат сторител кој одзел торба со околу 140 000 денари од спортска обложувалница

Непознат маскиран сторител извршил разбојништво во спортска обложувалница во Гостивар.

Сторителот, како што информираат од полицијата, со закана со пиштол од вработениот одзел торба во која имало околу 140 000 денари, по што побегнал. Кражбата се случила вчера во утринските часови.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари