На патот Демир Капија – Неготино пронајден арачиновец по кого трагала полицијата

Во попладневните часови на вчерашниот ден, на патот Демир Капија – Неготино, кај клучка Прждево, полицајци запреле автомобил „голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 25-годишниот Г.М. од скопското село Арачиново.

Во „голфот“, сопственост на трето лице, како сопатник патувал и Љ.А.(25), исто така од Арачиново.

По извршената проверка било утврдено дека Г.М. се наоѓал на листата со мерка „приведи“, по што истиот бил уапсен, а автомобилот одземен.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари