logo
logo
logo

На говорница орли, во преговорите канаринци – ДУИ ИМАЛЕ СРАМНА ПОНУДА ВМРО само за да влезат во Влада

Vecer | 13.07.2024

На говорница орли, во преговорите канаринци – ДУИ ИМАЛЕ СРАМНА ПОНУДА ВМРО само за да влезат во Влада

Опозициската ДУИ наместо да работи на сопствено реформирање, се занимава со ширење лажни вести. Но, тоа е нивна внатрешна работа којаточно говори за нивниот целосно уништен кредибилитет да говорат за и во име на Албанците, соопшти од денешната прес конференција Фари Хисени од Коалиција ВЛЕН.

Хисени потенцираше дека, опозициската ДУИ има уставно загарантирано право да организира собири за храбрење на членството.

Но, ВЛЕН нема да дозволи ДУИ со лаги и манипулации да се обидува да креира незадоволство кај Албанците. Бидејќи, ние знаеме зошто ги форсираат овие приказни за наводно загрозен легитимет и наводно намалена застапеност на Албанците во нституциите, посочува Хисени.

-Затоа што сакаат да ги сокријат трагите за сопствените гревови. Но, ние сме тука за да зборуваме за вистината. Ние како Коалиција ВЛЕН го повикуваме Али Ахмети вечерва да го искористи партискиот собир во Гостивар, и, да и одговори на јавноста зошто му нудеше на Христијан Мицкоски да влезат во Влада наместо ВЛЕН со четири министри, без Претседател на Собрание заедно со гаранции дека локалните избори догодина ќе одработат неговите кандидати Македонци да станат градоначалници на Кичево и Струга? – изјави Фари Хисени и додаде:

-ДУИ има обврска да одговори дали сака Албанците да ги претвори во штит, за да ги спасат нивните корумпирани поранешни функционери и членови на нивните семејства?

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk