Исчезнаа две лица во Македонија - семејствата молата за помош

Македонската полиција на нозе, исчезнаа две лица на возраст од 16 и 33 години, семејствата молат за помош.

Како што соопштува полицијата, вчера во 22:00 часот во Секторот за внатрешни работи Битола, Ш.А.(60) од село Братин Дол, битолско, пријавил дека истиот ден околу 14:00 часот од домот во непознат правец се оддалечила неговата ќерка Ј.А.(33).

И второто исчезнување било пријавено вчера во 21:20 часот во Полициската станица Кавадарци, М.Е.(40) од Кавадраци пријавил дека истиот ден околу 13:00 часот од домот во непознат правец се оддалечила неговата 16-годишна ќерка.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Поврзани

Најнови вести

Коментари