Имало полиција, ева ја во кладилница. Не ја возмнемирувајте

Се изнагледавме полицајци последниве месеци...

Последниве месеци се изнагледавме полицајци насекаде: од фрлање шок бомби врз демонстранти пред собранието до приведувања и претреси кај опозицијата, по 70-80 акции на пајците низ Скопје секако од оваа страна на Вардар... Но, не ги видовме да решаваат убиства како она во Аеродром и неколку други, бодења со ножеви по автобуси или сред центар на град Скопје... Заклучок е дека се преангажирани.

А ангажманот на полицијата е евидентен. Развезуваат деца на полициски функционери по Грција, возат на полициски мотори девојки низ Скопје, ги видовме во работно време на покер автомати... буквално, ги има насекаде. Еве ги сега на задача - во кладилница. А бидејќи најдобро размислуваат во работно време логично е и што во полна полициска опрема седнале да разгледаат опции за кладење. Сега почнува и Премиер лигата, а тоа е предизвик кој ни храбро срце полициско не може да го издржи. Најголем полициски проблем денес е дали фикс или кец во двојка.

Поврзани

Најнови вести

Коментари