Хан: Македонија напредува во владеење на правото, сите членки на ЕУ треба да ја поддржат

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на „Твитер“ порача дека владеењето на правото е еден од основните критериуми за влез во ЕУ. Ова е првпат Хан да се огласи по бегството на поранешниот премиер Никола Груевски.

„Силно владеење на правото е еден од темелните критериуми за влез во ЕУ. После години назадување, Македонија прави добар напредок во оваа област, вклучително и кривичното право. Сите земји членки на ЕУ и соседи треба да го поддржат овој процес. Се работи за кредибилитетот на Европа“, напиша Хан.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари