Дрогата ја чувал во пластично буре, притворено едно лице поради продажба на марихуана

Судија од Основниот суд го прифати предлогот од обвинителството, за определување на мерка протвор во траење од 30 дена против едно лице за неовластено пуштање во промет наркотична дрога – марихуана.

Основното јавно обвинителство соопшти дека лицето е осомничено дека од друго засега непознато лице, неовластено заради продажба набавило околу 1,8 килограми наркотична дрога марихуана.

„При претрес на неговиот дом на улица „Благоја Паровиќ” во Скопје, од страна на полициски службеници било утврдено дека дрогата неовластено ја држел кај себе заради продажба, спакувана во пластично буре на балконскиот простор, во кеси со различна нето маса, како и во јутена бела вреќа во подрумските простории. Дополнително, при претресот кај него била пронајдена и дигитална вага со остатоци од наркотична дрога – марихуана“, соопшти обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител проценил дека постојат околности кои го оправдуваат стравот од опасност од бегство на осомничениот – неговата возраст, видот, карактерот и тежината на кривичното дело за кое е осомничен, висината на запретената кривична санкција за ова дело, како и фактот што лицето досега е осудувано, поради што основано може да се очекува дека осомничениот ќе се крие, односно ќе се даде во бегство.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари