Џафери во официјална посета на Чешка

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, по покана на претседателот на Претставничкиот дом, Радек Вондрачек, во следните два дена ќе престојува во официјална посета на Република Чешка.

Во придружба на претседателот на Собранието ќе бидат претседателката на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Чешка, Јагода Шахпаска и членките на Групата за соработка, Владанка Авировиќ и Теута Билали.

Во рамките на официјалната посета на претседателот на Собранието, предвидени се билатерални средби со државниот врв на Република Чешка.

Џафери и делегацијата ќе остварат средби со премиерот на Република Чешка, Андреј Бабиш; со претседателот на претставничкиот дом, Радек Вондрачек; како и средби со претседателите на Комисијата за надворешни прашања на Домот на пратеници во Парламентот на Република Чешка.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари