Детали за драмата во Аеродром

Околу седум часа трае драмата во зградата број 15 на булеварот „Кузман Јосифовски-Питу" во населбата Аеродром.

Станарите се евакуирани поради силна непријатна миризба, но се уште се утврдува за што станува збор. Во моментов се чекаат специјалците на армијата за да извршат радио-биолошка контаминација.

Командирот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје Звонко Томески за МИА изјави дека повредени нема.

Според првичните информации, пријавено е во полиција дека некој фрлил непозната материја во еден од влезовите.

Поврзани

Најнови вести

Коментари