Претседателот на Алијансата за Албанците, дел од Владата, Арбен Таравари во изјава за медиумите изјави дека се во постојана комуникација со премиерот Христијан Мицкоски, пренесува ТВ21.
Таравари не прецизираше кои ќе бидат следните чекори – дали ќе останат во Владата или не – но кратко рече дека јавноста ќе биде навремено информирана за понатамошните одлуки.
– Имавме состанок со премиерот пред два дена, ќе продолжиме со разговорите и сме во комуникација. За следните чекори, повторно ќе ве информираме – изјави Таравари.
Арбен Таравари, вечерва изјави дека вратата за соработка со ВЛЕН за локалните избори е затворена.
Тој рече дека и по неговото заминување не верува дека ќе има предвремени парламентарни избори, бидејќи, според него, оваа влада е многу стабилна и без нив.
„Мислам дека владата има бројки, воопшто не ни е намерата (да има избори). Мислам дека не е проблем, може да има еден или двајца пратеници што ќе им се приклучат на тие (во власта), имало такви преминувања. Принципиелно сум кажал дека сум за локални избори“, изјави Таравари, додавајќи дека парламентарните избори зависат само од ВМРО-ДПМНЕ.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата