Албански медиуми: Груевски илегално со дипломатско возило поминал низ Албанија

Неколку албанските медиуми попладнево јавија дека експремиерот Никола Груевски илегално влегол во Албанија, а со дипломатско возило на унгарската амбасада и пасош на негово име, излегол на границата со Црна Гора.

Тиранската телевизија „Ора њуз“ повикувајќи се на информации од извештаите на албанската полиција соопшти дека поранешниот премиер ја напуштил Албанија во неделата, околу 19 часот преку граничниот премин Хан Хоти-Муриќан, на албанско-црногорската граница.

Најгледаната телевизија во Албанија, „Топ ченал“, повикувајќи се на сигурни извори вели дека по извршената верификација на системот на граничните премини било утврдено дека Груевски не ја минал границата на официјалниот премин, туку илегално преку зелениот појас. Од унгарската амбасада во Тирана за телевизијата не сакаа да дадат коментар по информациите.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари