Ахмети му пиша на Коѕијас: Убеден сум дека нашите долги и пријателски разговори ќе продолжат

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, испрати писмо до екс-министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас по оставката од функцијата што ја поднесе во средата, соопшти партијата на Ахмети.

„Со разочарување ја примив веста за твојата оставка од Министерството за надворешни работи на Република Грција бидејќи веќе четири години работиме заедно за европски вредности, добрососедство, мирен регион, стабилност и безбедност. Нашата соработка беше природна бидејќи нѐ соединуваат нашите геостратешки и геополитички убедувања не само за нашите земји туку и за регионот и пошироко, волјата за решавање на прашањата помеѓу Скопје и Атина, но и согледувањата за односите со Албанија и Косово“, се вели во писмото.

Ахмети му заблагодарува на Коѕијас за неговата посветеност и придонесот за мир и за затварање на прашањата со соседите, во насока на интеграциите во НАТО и ЕУ.

„Убеден сум дека нашите долги, пријателски и многу искрени разговори ќе продолжат со заедничкото ангажирање за вредностите кои ги делиме.  Ти посакувам здравје,  среќа и кај мене секогаш ќе најдеш отворена врата за да се остварат нашите убедувања за еден развоен и интегриран регион“, се вели во писмото што Ахмети му го испратил на Коѕијас.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари