logo
logo
logo

НА ГРАДСКИТЕ ГРОБИШТА МОРА ДА ВЛАДЕАТ РЕД И ДОСТОИНСТВО, а не на неред и запуштеност (ВИДЕО)

Vecer | 11.11.2025

НА ГРАДСКИТЕ ГРОБИШТА МОРА ДА ВЛАДЕАТ РЕД И ДОСТОИНСТВО, а не на неред и запуштеност (ВИДЕО)

На градските гробишта мора да владеат достоинство и ред.

Тоа се места на спомен, почит и тишина, а не на неред и запуштеност.

Секој од нас има таму некој близок и затоа непријатни глетки и депонии нема да бидат дозволени.

Пред неколку дена ја отстранивме големата депонија на паркингот, а од страна на управата е поставена заштитна ограда за да се спречат нови загадувања.

Ќе продолжиме посветено да се грижиме!  објави градоначалникот на Скопје Орце Ѓеорѓиевски по чистењето на големата депонија пред влезот на гробиштата, каде е и автобуската постојка.

Тој побара да има чуварска служба на сите влезови, како и да нема смет, ѓубре и неред на самите гробишта.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk