logo
logo
logo

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод Денот на независноста

Vecer | 08.09.2025

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод Денот на независноста

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита 8-ми Септември,  Денот на независноста на Република Македонија. На овој историски  ден пред 34 години, македонскиот народ ја донесе најважната одлука, самостојно и слободно да ја гради својата иднина во независна и суверена држава. Денес оддаваме почит на храброста, единството и визијата на сите кои го трасираа патот на слободата и самостојноста, се вели во честитката од ВМРО-ДПМНЕ што МИА ја објавува интегрално.

Но, овој празник не е само потсетник на минатото, туку и обврска за иднината, да продолжиме со градење на силна и стабилна економија, со заштита на националниот идентитет и со создавање на услови младите да останат во својата татковина.

Со гордост денес го носиме македонското знаме и независноста ја градиме низ успесите што секојдневно ги постигнуваме, повисоки плати, нови работни места, инвестиции во домашната економија и подобар стандард за граѓаните.

Нека овој ден не потсети дека силата на народот е во единството, а напредокот е возможен само ако сме  обединети со заеднички поглед кон иднината.

Да ја чуваме Македонија во нашите срца, во нашите дела и  мисли, затоа што таа е наш дом, наш идентитет и нашата вечна татковина.

Нека ни е честит 8-ми Септември, Денот на независноста!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk