logo
logo
logo

Мицкоски во Охрид на промоција на започнување на неколку значајни проекти

Vecer | 15.07.2024

Мицкоски во Охрид на промоција на започнување на неколку значајни проекти

Премиерот Христијан Мицкоски денеска е во посета на Охрид каде ќе промовира  започнување на  значајни проекти ветени на граѓаните.

 Ветивме и остваруваме камен темелник на спортска сала во Лескоец. Спортската сала е во рамки на ОУ Ванчо Николески. Ветувана е повеќе од 30 години. Објектот ќе биде 592 м2, во себе ќе вклучува покрај повеќенаменско спортско игралиште, тоалети и соблекувални. Димензиите на игралиштето ќе бидат 37х16 метри, што во целост ги задоволива потребите на учениците од ова ОУ. Инвестицијата е вредна 30 милиони денари.

-Целосна реконструкција на ул. 7ми ноември, (влез на Охрид од кај Битола). Целосна реконструкција на коловозните и тротоарски површини, изградба на нова велосипедска патека, изградба на атмосферска канализација во должина од 700м. Вкупната вредност на проектот е над 43 милиони денари.

-Изградба на деттско повеќенаменко спортско игралиште во населба Видобишта. Овде е опфатена изградба на целосно ново детско игралиште со специјализирана гумена подлога од 230м2. Игралиште (фудбалско и ракометно) на површина од 1320м2 исто со специјализирана гумирана подлога

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk