logo
logo
logo

Костадиновски по повод 8 Септември: Вистинската љубов кон татковината значи да се гради правната држава

Vecer | 08.09.2025

Костадиновски по повод 8 Септември: Вистинската љубов кон татковината значи да се гради правната држава

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски упати честитка до сите граѓани по повод Денот на независноста – 8 Септември.

– Вековниот стремеж за самостојна, независна, суверена и демократска Македонија стана стварност на 8 септември 1991 година. Граѓаните на тој ден запишаа историја! Историја на која треба да сме горди и која треба да ја славиме. Но, тој ден истовремено и ги задолжи сите сегашни и идни генерации, не само да негуваат почит и благодарност кон нашите предци, туку со истата решителност, љубов и одговорност да ја сакаат татковината и да се вложат во нејзиниот просперитет. Денес вистинската љубов кон татковината значи да се гради правната држава. Денес, чин на врвен патриотизам претставува вистинската посветеност на владеењето на правото, се вели во честитката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk