logo
logo
logo

КОГА НИКОЛOСКИ РЕШИЛ ДА СОРАБОТУВА СО ОРЦЕ, ефикасноста е гарантирана

Vecer | 10.11.2025

КОГА НИКОЛOСКИ РЕШИЛ ДА СОРАБОТУВА СО ОРЦЕ, ефикасноста е гарантирана

Разговаравме за заедничките проекти кои ќе ги реализираме и што ќе донесат вистински бенефит за сите жители на нашиот град, истакна Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски посочи дека главни теми на состанокот беа подобрувањето на транспортниот систем преку реализација на проектот Градски воз, набавката на нови, еколошки автобуси за градскиот превоз, како и модернизацијата на инфраструктурата во Скопје.

Министерот Николоски ја потенцираше силната заложба на Владата за реализација на капитални инвестиции во главниот град како темел на неговиот иден развој.

„Заеднички заклучивме дека Скопје има потреба од нов план за трансформација на градскиот сообраќаен систем, кој ќе донесе поголема ефикасност, економичност и подобар квалитет на живот за граѓаните.

По започнувањето на изградбата на првата од трите линии на Градскиот воз, следен приоритет ќе биде подготовката на другите две линии кон Ѓорче Петров и кон Миладиновци“, потенцираше Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски нагласи дека Градот Скопје е веќе во комуникација со Владата на Република Македонија за набавка нови еколошки автобуси кои значително ќе го подигнат јавниот превоз на едно високо ниво.

Ѓорѓиевски изрази благодарност до Премиерот Христијан Мицкоски, министерот Александар Николоски и целата Влада за нивната постојана поддршка и визија.

„Скопје ќе го развиваме заедно, со работа, со посветеност и со јасна цел – да изградиме модерен и функционален град во кој сите ќе живееме подобро“, истакна Ѓорѓиевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk