logo
logo
logo

Македонија се гради без многу врева, без партиски и бизнис спектакли, со ПЛАН, ВИЗИЈА И МНОГУ РАБОТА (ВИДЕО)

Vecer | 13.06.2025

Македонија се гради без многу врева, без партиски и бизнис спектакли, со ПЛАН, ВИЗИЈА И МНОГУ РАБОТА (ВИДЕО)

„Испраќаме силна и јасна порака- Македонија се гради“. Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски на пуштањето во употреба на реконструираниот патен правец Охрид-Свети Наум.

-Го пуштаме во употреба реконструираниот регионален пат од Охрид до Свети Наум, пат кој беше заборавен. Пат кој го заслужуваше Охрид, го заслужуваа граѓаните, туристите и сега конечно го добиваме. Со инвестиција од 11,7 милиони евра реконструирани се 24,3 километри современ магистрален пат. Реконструкцијата опфати целосна санација на коловозот, поставување на нова сигнализација, безбедносни огради и проширување каде што теренот дозволуваше, посочи Мицкоски.

Премиерот истакна дека направени се и заштитни интервенции на ризичните косини, со една цел – безбедност, сигурност и долготрајност.

-Ова денес не е само пуштање на пат, ова е уште една потврда за определбата на Владата да се гради без многу врева, без партиски и бизнис спектакли, со план, со јасна визија и многу работа. Во моментов паралелно се градат неколку клучни патни правци, автопатот Кичево-Охрид силно се забрзува, делниците Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчани се активни, а се работи и на подготовка за градба на делницата Букојчани-Кичево. Тоа значи дека целосно го затвораме автопатниот прстен во западна Македонија и тука не застануваме, посочи премиерот.

Инфраструктурата, посочи премиерот, не е трошок, таа е инвестиција во иднината на државата.

-Инфраструктурата ги отвора вратите за туризам, за економија, за регионално поврзување, за работни места, за живот со достоинство. Кога сме кај туризмот, во оваа година април месец е вонредно успешен со повеќе од 20 % поголем број на странски туристи споредбено со лани, а истото и во првите месеци од годината споредени со првите месеци од минатата година. Овој пат кој денес го пуштаме нè поврзува со еден од најголемите духовни и туристички комплекси на Балканот, Свети Наум. Тој е и дел од регионалната врска со Република Албанија. Охрид, градот под заштита на УНЕСКО полеска, но сигурно го добива ликот на посакувана и пристапна европска дестинација. Го поврзуваме со светот преку нови авиолинии, рече премиерот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk