logo
logo
logo

Зошто птиците пејат наутро?

Vecer | 10.11.2025

Зошто птиците пејат наутро?

Во добро осветлена лабораторија, научниците откриле дека зебрестата песнопојка (Taeniopygia guttata) пее спонтано и гласно, додека во целосен мрак, таа воопшто не испушта звук. Имено, кога научниците вештачки го одложуваат „изгрејсонцето“ за три часа - со вклучување на светлата во лабораторијата подоцна, оваа птица почнува да пее погласно и порано, во споредба со единката на којашто ѝ е дадена светлина порано - како да чекаат да почне денот. Одложувањето на „доаѓањето“ на дневната светлина за неколку часа, патем, не влијаело на спиењето кај птиците, бидејќи тие се будат во одредено време и можат да се движат во темница, пишува „Сајенс-алерт“ (ScienceАlert).

„Птиците се будат во темница, многу пред зори - веројатно, поради хормоналните механизми поврзани со мелатонинот, а нивната комплексна мотивација да почнат да пејат се зголемува бидејќи темнината го потиснува нивното спонтано пеење“, заклучи тимот научници.

Истражувањето е предводено од биологот Еднај Барос дос Сантос од Корејскиот институт за истражување на мозокот во Јужна Кореја. Според него, таквата интензивна „утринска песна“ им помага на птиците да ги загреат гласните жици, го забрзува будењето и ја подобрува нивната шанса за успех во парењето тој ден, се вели во студијата.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk