(Видео) Кинеската влада издаде предупредување: Швеѓаните ги малтретираат нашите туристи

Властите во Пекинг побараа официјално извинување од Шведска поради, како што велат, бруталното малтретирање на тројца кинески туристи од страна на полицијата во Стокхолм.

Недоразбирањето меѓу кинеските туристи и персоналот во хостелот настанал кога туристите дошле еден ден порано од предвидениот термин за чек-ин. Некое време туристите седеле во лобито, но набргу персоналот од хостелот повикал полиција и тие биле исфрлени надвор.

Никој не претпостави дека овој инцидент ќе се претвори во дипломатски скандал. Пекинг почна да ја критикува Шведска дека не ги почитува основните човекови права на кинеските државјани, а исто така, Владата на Кина издаде предупредување за своите државјани кои патуваат во Шведска.

На видеото се слуша како туристите викаат: „Ова е убиство“ и „Спасете ме“. По инцидентот и Амбасадата на Кина во Стокхолм издаде соопштение во кое се наведува дека заедно со кинеското Министерство за надворешни работи ги предупредила шведските власти дека полицијата со преземените дејствија сериозно им го загрозила животот  на кинеските државјани.

Менаџментот на хостелот соопшти дека туристите биле исфрлени со полиција откако почнале вербално да им се закануваат на вработените.

„Направивме сè што можевме за овие гости, но не дозволуваме нашиот персонал да биде изложен на закани ниту, пак, останатите гости да се чувствуваат загрозено“, соопштиле од менаџментот.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари