Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните?

Желбата за комуникација со животните одамна постои, поточно откако д-р Дулитл се појави за прв пат пред 50 години во Холивуд.

Експертите сега веруваат дека тоа конечно би можело да стане реалност. Тоа би можело да биде постигнато со помош на вештачката интелигенција која би креирала системи за преведување со кои луѓето би разбирале што животните "зборуваат" и што мислат за нас.

Системот анализирал 70 човечки јазици со цел да утврди модел по кој компјутерот би можел да го преведува она за кое се зборува, а да не го познава јазикот кој го толкува.

Аза Раскин, креатор на софтвери кои се користат ширум светот, и Брит Селвител, еден од основачите на Твитер, сега пробуваат да го применат истиот таков модел на толкување на јазикот на животните.

Помеѓу првите кои ќе бидат "подложени" на таков модел ќе бидат китовите, мајмуните и слоновите,а со тоа во системот би требало да бидат додадени над 50 илјади часа аудио запис од комуникацијата која се одвива помеѓу грбавите китови.

Со тоа системот ќе може да ја спореди комуникацијата помеѓу животните со комуникацијата помеѓу луѓето, како и со јазикот на луѓето, со што би се приближиле до модерната верзија "Розета Стоун" којa би требало да декорира што "говорат" животните.

Поврзани

Најнови вести

Коментари