Сергеј Трифуновиќ пуштен од болница за кардиоваскуларни болести

Сè почнало нормално, полна сала, актерите Сергеј Трифуновиќ и Воја Брајовиќ на сцената, а потоа, по пет минути, заминуваат еден по друг од сцената и не се враќаат долго.

Кога почнало шушкање во публиката, Сергеј се вратил на сцената и изјавил дека се обидел да игра, но не успеал бидејќи не се чувствува добро и ја замолил публиката да разбере дека мора да ја откаже претставата вечерта.

Откако му се слошило актерот бил транспортиран на Институтот за кардиоваскуларни болести, каде што бил детално прегледан, а потоа пуштен со совет да се јави кај својот лекар за натамошни контроли.

Како потсетување, на актерот му се слоши само неколку минути по почетокот на претставата „Воз”, која требаше да се одржи во Младинскиот театар во Нови Сад.

Новосадската публика го испрати со аплауз, а дел од публиката остана да седи на своите седишта, надевајќи се дека тоа е театарски трик, пренесуваат новосадските медиуми. Меѓутоа, многу брзо стана јасно дека претставата навистина е откажана, особено по сирените на брза помош која на носилки го внесе актерот во возилото.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари