Семејството на Тоше Проевски после неговата смрт направиле потез од кој ќе се наежите

И после 11 години од сообраќајната несреќа, тагата во неговото семејство не е намалена, само научиле да живеат со неа.

Славен Ристевски сопруг на сестрата на Тоше од денот кога пеачот загина, целата грижа и организација ја преземал врз себе.

"Не постојат зборови со кои може да се опишат емоциите во нашето семејство. Тоа е бескрајна тага која ќе остане засекогаш. Не е точно дека времето ја намалува болката. Човекот само се навикнува да живее со тагата и грозната вистина. Но, некогаш денот е долг како година", рекол Славен.
Славен раскажал дека собата на пеачот и денес, после единаесет години не е допрена.

"Собата остана потполно иста. Тука се фотографиите, неговата облека, играчки", открил тој.

Во чест на Тоше ќе запее и неговиот внук, Кристијан, кој ги прави првите чекори во музичката кариера.

- Бев во Лондон, во студиото на Енди Рајт кој ги работеше аражманите и "мастеринг" за песните кој ќе се најдат на новиот посхуменалбум на мојот вујко. Енди доби идеа да снимам една песна. Долго размислував и се согласив. Се одлучив да пеам за мојот вујко. Текстот на песната сам се изроди од нашите долги разговори за Тоше, затоа и носи симболичен наслов", "Ние сме само крв", открива Кристијан.

Поврзани

Најнови вести

Коментари