Секој гол кој овој фудбалер го постигнува посветен е само на неа...

Додека денеска стои на врвот на слава со трофеи, еден од најдобрите фудбалери во свет, Леон Меси, и понатаму тагува што неговата сакана баба неможе да виде. Поради тоа и понатаму секој постигнат гол е посветен на неа, со долг поглед во небо и со два прста дигнати во вис.

Како дете, Лео бил низок и поради тоа бил мета на потсмев. За четвртиот роденден од бабаму ја добил првата топка, од која не се одвојувал и кога спиел. Своите фудбалски вештини ги вежбал далеку од очите на другите, поради што сите останале изненадени со неговиот талент кога прв пат се појавил во локален фудбалски клуб.

Додека родителите му биле зафатени со работа и грижа за четирите деца, бабата била која ги слушала желбите и потребите на малиот Лео. Ја делела со него љубовта кон легендарнот Марадона и радоста поради секој успех во локалните клубови.

Забележувајќи го големиот талент на својот внук, но и скромноста и срамежливоста да си игра со децата, бабата еден ден го однела во локалнен клуб "Грандоли", кој бил "најлош клуб во градот", познат по лошите резултати. Таму Меси сватил дека висината не игра важна улога во фудбалот и е подготвен да се соочи со разни ситуации и од нив да излезе како голем победник. Клубот постигнал незапмтен успех пред да тргне понатаму.

Бабата Селија го следела фудбалот, ги познавала тренерите и се борела за својот внук. Додека Меси играл, таа имала посебно место на стадионот, се додека тешко не се разволела и починала кога Лео имал само десет години. Во неговото срце од тогаш останала празнина која ни идниот успех и слава неможеле да ја надоместат.

Поврзани

Најнови вести

Коментари