Познатата актерка ѝ забранила на ќерка си да гледа цртани филмови со принцези

Британската актерка, Кира Најтли ѝ забранила на нејзината ќерка да гледа цртани филмови со принцези.

Таа призна дека причината за тоа лежи во нејзините сфаќања дека овие приказни ќе ја направат нејзината ќерка зависна од мажи.

„Пепелашка кај нас е забранета. Таа е девојка која чека да ја спаси некој богат маж. Немој, спаси се самата. Малата сирена исто така. Тоа ме лути бидејќи го обожавам тој цртан, песните се прејрасни, но едноставно не можам да го поддржам тоа што се одрекува од својот глас поради маж“, вели Кира.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари