Потресна слика поради која се собраа 35.000 евра во еден ден

Фотографија од дете кое плаче над телото на починатиот татко ги поттикна Индијците да соберат три милиони рупии (околу 35.000 евра) за неговото семејство и тоа во еден ден.

„Детето дошло до телото на таткото во крематориумот, го тргнал покривачот од лицето, му ја ставило раката на образот и само рекло 'тато" и почнало да плаче. Мажот бил само уште еден сиромашен работник кој во петокот загинал во канализација во Делхи. Семејството немало доволно пари да го кремира", напиша новинарот покрај потресната фотографија.

„Новинар сум од црна хроника и сум видел страшни трагедии, но вакво нешто никогаш", додаде Шив Суни и рече дека сакал да го сврти вниманието на страдањето на ова семејство.

За само еден ден, Индијците, поттикнати од фотографијата, собраа речиси 3 милиони рупп (околу 35.000 евра) за семејството на загинатиот работиник.

Но вистината е пострашна од оваа трагедија.

Пред една недела им починал и четиримесечниот син

Арил, 27-годишниот работник, неколку мигови по фотографиите е кремиран. Недела дена претходно им починал и четиримесечниот син од воспаление на белите дробови, зошто семејството, кое има уште две ќерки, немало пари за лекување.

Арил загинал зошто пукнало јажето со кое го спуштале во канализацијата. А тоа јаже всушност е единственото што го имаат од безбедносна опрема. Се проценува дека секоја година во канализацијата на Делхи гинат по 100 работиници.

„Понекогаш го следев на работа и му ги чував чевлите и облеката за да не му ги украдат крадците", рече детето, додавајќи дека таткото му зборувал дека „уште не е доволно голем за и тој да влезе во канализацијата".

Поради овој твит, нема да мора - Индијците собраа доволно пари за неговото школување.

Поврзани

Најнови вести

Коментари