logo
logo
logo

БРОШОТ НА НАПОЛЕОН ОДИ НА АУКЦИЈА - еден од дијамантите е проценет на астрономска сума

Vecer | 09.11.2025

БРОШОТ НА НАПОЛЕОН ОДИ НА АУКЦИЈА - еден од дијамантите е проценет на астрономска сума

На аукцијата на „Сотби“ на 12 ноември ќе биде претставен и брошот на Наполеон, кој го пронашле припадници на пруската армија по Битката кај Ватерло, објави „Ле Фигаро“.

Брошот, за кој се проценува дека вреди помеѓу 130.000 и 220.000 евра, бил меѓу личните предмети што царот морал да ги остави зад себе додека бегал од англиските и пруските војници по познатата битка.

Во центарот на кружниот брош, кој има дијаметар од околу 45 милиметри, се наоѓа голем овален дијамант со тежина од 13,4 карати, опкружен со речиси сто мали дијаманти распоредени во два реда.

На аукцијата во „Кристи“ ќе биде прикажан прстен со син дијамант со исклучителна чистота, познат како „ Melon Blu“, откако со децении во 20 век ѝ припаѓал на американската филантропка и колекционерка на уметнички дела Бани Мелоун.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk