Лавица убила лав во зоолошка градина во САД

Дванаесетгодишната лавица Зури, го задавила својот партнер Нјак во нивниот простор во зоолошката градина во Индијанаполис, пренесе Би-Би-Си. Со десетгодишниот лав, Зури живеела осум години, а во 2015 година добиле три младенчиња.

„Нјак беше величевствен лав и на сите ќе ни недостига“ навела управата на зоолошката градина, додавајќи дека е спроведена темелна истрага за тоа што го предизвикало судирот.

Персоналот рекол дека ги испаничила изненадна невообичаена количина на рикање, која доаѓала од просторот за лавови. Кога дошле ја виделе Зури како со вилица го држи за врат нејзиниот партнер и покрај напорите да ги разделат, нејзината вилица не пуштала се додека Нјак не престанал да дава отпор.

Од зоолошката градина велат дека меѓу лавот и лавицата досега немало агресивно однесување, но во природата се забележани слични напади.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари