Осум начини за едно решение - вотка

Како Русите пијат вотка, од уживање до самоуништување

Вотка и Русија... Сите знаеме дека ова е стереотип, но во него има и малку вистина. Значи, ако планирате да пиете во Русија, можете едноставно да пиете како Русите. Има 8 начини тоа да се направи и испие - по руски. Значи, пиете ан еден од следниве начини:

1.Како фолирант (ултрасигурен метод)


Овој метод е за оние кои сакаат да пијат, а да не се опијат. Да, и тоа е можно. Имајте предвид дека пред да почнете да пиете треба да издете хранлив оброк за да бидете сигурни дека вашиот желудник е обложен. Пред забавата „дрмнете" чашка вотка, околу 50 грама. Тоа на вашето тело ќе му помогне да се подготви за внесувањето алкохол подоцна.

За време на ноќта на секои 30 минути пијте по 40 грама вотка, и не заборавајте да јадете нешто, како што е варен компир со путер или маринирана харинга. И запаметете, помеѓу секое пиење трудете се да испиете доста сок од брусница или топла вода. Ви гарантираме дека ќе се разбудите свеж како роса.

2. Како руски цар (сигурен метод)


Вотката кон крајот на 18 век, за време на владеењето на руската царица Екатерина Велика, била широко прифатена како пијалак за елитата. Денес таа се смета за најпиток алкохолен пијалак.

Стручњаците за вотка велат дека овој пијалак ги истакнува најдобрите квалитети на скапите мезиња. Класичната варијанта вклучува тенки парчиња солен лосос или пастрмка со малку лимонов сок и власец. Би можеле да ви понудат и питички со путер, црвен или црн кавијат и коморач. Модерните угостители имаат смислено „неоцарски" начин на пиење вотка. На дното на чашата се става парченце риба или лажичка кавијар, а врз тоа се налева вотка. Вкусот е прилично необичен, но без сомнение ќе се почувствувате како цар.

3. Како вистински комунист (прилично сигурен метод)

Не грижете се, не мора да ставите црвена кравата околу вратот и портрет на Ленин над креветот. Оваа варијанта, сепак, подразбира конзерва папалини во масло, главоч во сос од домати, векна црн леб и добра стара фасетирана чаша.

Конзервираната риба секогаш отворајте ја со нож. Тоа е задолжително. Заборавете на чинии, земете виљушка и јадете директно од конзервата. Со цела векна леб избришете го ножот, а потоа исечете дебело парче. Нивото на вотката во секоја чаша треба да биде околу 2.5 сантиметри.

4. Како руски сељак (нормално)


Ако ја изберете оваа опција, до вечер сигурно ќе бидете поднапиени, а наутро ќе се чувствувате свежо. Пред да се фрлите на пиење вотка, проверете ја нејзината температура. Би требало да биде разладена на отприлика 10 степени според Целзиус, ни потопла, ни поладна. Како што знаеме сите водата се претвора во мраз, но алкохолот не, па би можеле да завршите со шиење чист етанол.

Земете векничка ароматичен леб. Налејте 50 грама вотка во чаша. Вдишете го мирисот на лебот, а потоа гласно издишете. Прво, така ќе изгледате како типичен Русин. Второ, оваа операција ќе ја оддува алкохолната пареа. Вотката испијте ја брзо, а потоа повторно помирисајте го лебот и загризете го. Тоа е тоа. Браво.

5. Како руски Џејмс Бонд (над просекот)


Џејмс Бонд не е популарен само во земјите од англиското јазично подрачје. Мошне е познат и во Русија. За да се чувствувате како шпион, ќе ви бидат потребни 60-90 милилитри вотка и 30 милилитри вермут. За разлика од советот на Бонд за пиење вотка-мартини, овој пијалајк подобро се меша. Во него можете да додадете и маслинки кои претходно сте ги замрзнале.

6. Како искусен пијаница (опасно)


За овој луд коктел во шејкер додајте 60 бонбони со ист вкус и 180 милилитри вотка. Мешајте сѐ дури алкохолот не ја добие бојата на бонбоните. Оставете го неколку часа во фрижидер. Потоа филтрирајте го коктелот и послужете го со гумени бонбони. Можете да го прелеете коктелот во сад, да додадете мармелад и вотка во боја, и да оставите сето тоа да се маринира два дена. По пиењето на овој пијалак потребни ви се неколку дена годишен одмор.

7. Како некој што не го чувствува вкусот на алкохолот (мошне опасно)


Многумина познавачи на вотката велат дека добриот алкохол од пченица има пријатен, мек, и малку овошен вкус. Затоа лесно се комбинира со слатки, свежи вкусови. Многу фински и руски брендови имаат сирупи со вкус на ванила, јаболка, цреши, па дури и со вкус на чоколада за љубителите на слаткото. Се препорачува да се комбинираат со сладолед. Но, искрено, ова може да биде прилично скапо. Додавањето шеќер во обична вотка е добра алтернатива. Тоа ќе ја намали дупката во вашиот паричник.

8. Како некој на пат кон самоуништување (опасно по живот)


Овој метод е за љубителите на журки кои би сакале да се напијат колку што е можно побргу. На секои три-четири минути испијте околу 30 милилитри вотка. Мезето е за слабаци, а исто така и водата. За вистинско експлозивно делување пушете две цигари истовремено. Продолжете додека не бидете мртов пијан (до тоа би требало да дојде за околу 20 минути).

Не заборавете да си купите бруфен за следното утро, а исто така и активен јаглен и три шишиња минерална вода. Со среќа!

Beyond Russia

Поврзани

Најнови вести

Коментари