Тестирањето на овој препарат ќе започне наскоро, а неговата употреба кај кучиња би можела да започне веќе во 2028 година, објавува „Тајмс“.
Имплантот, кој се вметнува со инјекција, има сличен ефект како лековите што ги земаат дебелите луѓе, оземпик, мунџаро и вегови.
Извршниот директор на компанијата, Мајкл Клотсман, објасни дека имплантот OKV-119 ја содржи супстанцијата егзенатид, која го потиснува прекумерниот апетит кај кучињата.
„Сопствениците на кучиња можат да очекуваат дека нивното милениче ќе продолжи да јаде соодветни порции и да има апетит, но повеќе нема да покажува знаци на ненаситност и да бара повеќе храна“, рече тој.
Лекот содржи состојки кои дејствуваат како хормонот GLP-1, кој го намалува апетитот кај луѓето.
Научниците се надеваат дека со помош на овој препарат ќе можат да го намалат чувството на ситост кај некои раси кучиња, поради што тие добиваат вишок килограми, што може да го скрати нивниот животен век и да придонесе за полош квалитет на живот, како и да го зголеми ризикот од некои болести.
Податоците од извештајот на британската компанија UK Pet Food за 2024 година покажуваат дека дури 50 проценти од кучињата и 43 проценти од мачките имаат прекумерна тежина.
Сепак, експертите препорачуваат сопствениците прво да се обидат да ја променат исхраната на своето милениче и да ја зголемат неговата физичка активност, но ако тоа не функционира, имплант што го потиснува апетитот е разумна опција.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата