logo
logo
logo

БИЛО НАПНАТО! Принцезата Дајана за време на првиот Божиќ го ПРЕКРШИЛА ПРОТОКОЛОТ!

Vecer | 02.12.2024

БИЛО НАПНАТО! Принцезата Дајана за време на првиот Божиќ го ПРЕКРШИЛА ПРОТОКОЛОТ!

Принцезата „мразела“ да го поминува Божиќ со кралското семејство откако нејзиното прво празнично искуство се покажало како целосна катастрофа.

Иако е родена во големо богатство, божиќните празници на принцезата Дијана однадвор изгледале весело и магично, но не и донеле ништо убаво.

Првите празници со семејството на вашиот партнер се секогаш стресни, а уште повеќе ако фамилијата на сопругот е буквално кралско семејство. Замислете како мора да се чувствувала принцезата Дијана кога го прославила својот прв Божиќ со Виндзорови и притоа го прекршила кралскиот протокол во тој процес.

Според биографот на Дијана, Ендрју Мортон, автор на книгата Дијана: Нејзината вистинска приказна со свои зборови, принцезата „мразела“ да го поминува Божиќ со кралското семејство откако нејзиното прво празнично искуство се покажало како целосна катастрофа.

Мортон открил дека Дијана во тоа време била бремена со принцот Вилијам и страдала од утрински мачнини. И покрај тоа, таа нашла време да „купи за своето ново семејство внимателни и скапи подароци“.

Меѓутоа, на Бадник доживеала шок кога открила дека членовите на кралското семејство си подаруваат само смешни и несериозни подароци. На пример, таа и подарила на принцезата Ана џемпер од кашмир, а за возврат добила држач за тоалетна хартија.

- Беше многу напнато. Знам дека давав, но не се сеќавам дека добив нешто. Зарем тоа не е страшно? Јас ги подготвувам сите подароци, а Чарлс само ги потпишува картичките. Беше страшно и многу разочарувачко. Без весело однесување, многу напнатост, глупаво однесување, шеги кои би биле чудни за аутсајдерите, но разбирливи за упатените, му рекла Дијана на Мортон и додала:

- Сигурно бев аутсајдер.

Во меѓувреме, нејзиниот фризер Ричард Далтон имал слична перцепција за односот на Дијана кон празниците со кралското семејство.

- Принцезата мразеше да оди во Сандрингам за Божиќ - се присетил Далтон, според Кити Кели во книгата Кралеви.

- Ми рече дека било ужасно студено и дека вечерата требала да заврши до три часот: 'Три часот е и време е да ме гледате на телевизија“, ќе речеше таа имитирајќи, веќе знаете кого. Кралското семејство мораше да ја гледа божиќната порака на кралицата на телевизија. Дијана го нарекуваше тоа задолжителен настап - се наведува.

Ситуацијата само се влошила откако нејзиниот брак со Чарлс почнал да се распаѓа во доцните 1980-ти.

- Обично добивав повици од неа на Бадник кога беше сама. Секогаш кога разговаравме, се се сведуваше на стратегија. Што да правиме следно - изјавила пријателката на Дијана, Тини Браун во книгата Хрониките на Дајана.

Дијана и Чарлс формално се разделија на 9 декември 1992 година, а само неколку недели подоцна Дијана мораше да го помине првиот Божиќ далеку од нејзините синови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk