Берт и Ерни од „Улицата Сезам“ се хомосексуалци

„Улицата Сезам“ е најдолготрајното американско шоу за деца, со кое пораснале многу генерации. Првата емисија е емитувана во 1960 година, а Елмо, Берт, Ерни, Биг Бирд и други ликови наскоро станаа пријатели на многу деца.

Меѓутоа, со текот на времето многумина почнаа да се сомневаат во блиската врска меѓу Берт и Ерни, а сега добија објаснување.

Берт и Ерни се хомосексуалци, потврди Марк Солтцман, човекот кој повеќе од 15 години пишуваше сценарија за ова детско шоу.

Инаку, Солтцман во времето кога се приклучи на тимот на „Улицата Сезам“ и самиот беше во врска со маж, режисерот Арнолд Гласман.

„Да, јас бев Ерни, а Арнолд беше Берт”, призна Марк.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари