logo
logo
logo

ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Финансиски приливи за овие знаци

Vecer | 28.10.2024

ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Финансиски приливи за овие знаци

OВЕН

Личност која ви е важна во бизнисот е подготвена да се сретне со вас и да ги слушне вашите предлози. Одлично време е да побарате поддршка. Денеска посветете се на саканата личност - вистинско време е да разговарате за важни работи за вас.

БИК

Имате одлична комуникација со луѓе кои ви се важни во бизнисот. Зголемено разбирање со колегите. Денот е добар за нови емотивни познанства, затоа попладне излезете со пријателите на кафе или пијачка.

БЛИЗНАЦИ

Можете да очекувате позитивен одговор на прашањето за вашата храброст. Промените што се случуваат во деловното опкружување ви одговараат. Појавувате поотворен интерес за една личност. Во постоечките врски, ден за важни разговори.

РАК

Лесно ги решавате недоразбирањата. Подготвени сте да се прилагодите на соговорникот, а тој на вас. Исто така, би било добро да го искористите овој ден за некои важни договори со вашиот емотивен партнер. Извадете ги прашањата што ви се важни.

ЛАВ

Вистинскиот момент е за деловен договор, но ќе мора да направите одредени компромиси. Другата страна е подготвена да се прилагоди, но ќе мора и вие да го направите тоа. Денеска преку работа можете да остварите интересно познанство.

ДЕВИЦА

Бидете подготвени да заглавите напорно на работа. Луѓето над вас сакаат да видат како се справувате со новите околности и новите одговорности што ви се доделени. Покажете се денес. Емотивно хармоничен ден со партнерот.

ВАГА

Можноста за договор кој многу брзо би можел да ви обезбеди солидна сума на пари, затоа потрудете се да го остварите тоа. Можно е денес да му покажете на партнерот повеќе внимание од вообичаено. Некои дури ќе се одлучат за мал подарок.

СКОРПИЈА

Можно е неколку луѓе денес да ве турнат до границата на толеранција, но бидејќи не сакате да се судрите, ќе претпочитате да молчите и да се повлечете во себе. Малку е веројатно дека емотивниот партнер ќе може да ве допре.

СТРЕЛЕЦ

Едно лице може да ве запознае за прашање што е важно за вашиот бизнис. Во емотивниот сегмент силно се придвиживте кон некој што веќе го познавате од претходно. Ве очекува многу интересна комуникација, можеби и средба.

ЈАРЕЦ

Не убедувате никого денес, бидејќи ако нагласите дека се обидувате да убедите некого, тоа може само погрешно да се разбере. Ваше е да предложите. Во емотивните врски ќе имате добра комуникација и разбирање.

ВОДОЛИЈА

Одличен ден за финансиски приливи. Денеска е можно да склучите договор кој ќе биде профитабилен. Треба да разговарате со саканата личност за промените во вашата врска. Добро разбирање и усогласеност за сите прашања.

РИБИ

Бидете одговорни за обврската што ја преземате. Соработниците го очекуваат тоа од вас и потрудете се да се претставите во најдобро светло. Денот е добар и за договори со деловни партнери. Во врските – на прво место ја ставате страста.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk