logo
logo
logo

Дали сте чуле за „лудиот мед“? Велат дека го спушта притисокот, го забрзува пулсот и успива, но сепак – внимавајте!

Vecer | 09.11.2025

Дали сте чуле за „лудиот мед“? Велат дека го спушта притисокот, го забрзува пулсот и успива, но сепак – внимавајте!

Во турскиот црноморски регион и во планинските предели на Непал постои мед што има речиси митска репутација – „дели бал“, што буквално значи „луд мед“. Пчелите го произведуваат од цветовите на виолетовиот рододендрон, растение чиј нектар содржи природен токсин наречен родотоксин.

Само една лажица може да предизвика благо успивачко дејство, но ако се претера – лесно може да се заврши во болница. Сепак, локалното население овој мед со векови го користи како народен лек: една лажичка дневно наводно го намалува крвниот притисок и дејствува како природен афродизијак. Денес се продава по висока цена, но американската FDA предупредува дека може да предизвика мачнина, вртоглавица и пад на притисокот.

Една кошница содржи и до 60 килограми нектар. Годишно се собираат околу десет тони, но цената е висока. Секоја сезона двајца до тројца собирачи гинат од паѓање или од илјадници убоди. Медот најчесто оди во Кина и Јапонија како афродизијак, додека на црниот пазар во Катманду еден килограм достигнува цена од 350 евра.

Една лажичка на празен стомак, испиена со топла вода и ѓумбир – тоа е дозата што локалците ја нарекуваат „рекреативна“. По отприлика еден час се јавува еуфорија, опуштање на мускулите, притисокот паѓа, а пулсот се забрзува.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk