ДИГИТАЛНА БИБЛИОТЕКА

Бесплатни книги на порталот Растко

На порталот, кој прослави три месеци постоење, може да се прочитаат македонските класици, како и дела на современите писатели

Веб-страницата "Проект Растко - Македонија" (www.makedonija.rastko.net), која претставува дигитална библиотека на културата и традицијата на Македонија, на празникот Прочка прослави скромен јубилеј од три месеци постоење.

Според Софија Тренчовска, главен уредник на овој портал, за само три месеци, дигитализирани се 3000 страници материјал што е појдовна основа за надградување на концептот за афирмација на македонското творештво и македонскиот јазик.

- Со тоа Македонија самостојно влезе во меѓународната глобална културна мрежа "Растко", меѓу десетина европски држави, вели Тренчовска.

Таа објаснува дека целта на овој проект е да се развие во мултимедијален архив на различни генерации автори, достапен за сите поклоници на електронската форма на читање и прегледување. Тренчовска додава дека порталот е овозможен преку соработката со автори и неколку издавачи, и се е врз волонтерска основа.

На страницата засега се поместени 12 содржински категории: антропологија и етнологија, археологија, богословија, драма и театар, историја, наука за книжевноста, уметничка книжевност, музика, стрип, филм и телевизија, филозофија и фотографија. Покрај македонските класици, бесплатно може да се читаат дела од современите писатели Радован Павловски, Митко Манџуков, Данило Коцевски, Илија Велев, Илинденка Петрушева и други.

(А.Ј.)

Поврзани

Најнови вести

Коментари