Рецепт за тортиљи од карфиол и спанаќ
За 4 лица
Време на подготовка: 40 минути
Потребни состојки:
- 1 среден карфиол (може и брокула)
- 1 китка спанаќ или блитва
- 1 јајце
- сол
- бибер
За фил: зелена салата или валеријана, тркалца од краставица, тркалца од црвена пиперка, малку пилешки гради
Начин на приготвување: Карфиолот или брокулата поделете ги на цветчиња, па исечкајте ги на помали парчиња. Спанаќот исечкајте го на ситни парчиња и измешајте го со карфиолот/брокулата. Сè зачинете со сол и бибер по вкус, а јајцето лесно изматете го со виљушка и соединете го со зеленчукот. Обложете соодветен плех со хартија за печење, па со лажица извадете ја смесата и распоредете ја на поголеми кругови. Можат да бидат малку погусти, бидејќи по печењето ќе спласнат.
Печете ги тортиљите во загреана рерна на 200°C околу 15-20 минути, само додека рабовите не поруменат. За тоа време подгответе го филот.
Измијте ги и исечете ги на ленти зелената салата и спанаќот, пилешките гради исечкајте ги на коцки, а краставицата и пиперката на тенки прстени. На секоја тортилја ставете од филот, па преклопете ги на половина како такоси.
Валеријаната има малку јаткаст вкус кој потсетува на лешник. Она што се препорачува е да не се посолува, кисели или да се става премногу масло на листовите, туку да се остави природниот свеж вкус да дојде до израз
Карфиол
Овој здрав зеленчук, исто како и зелката, има малку масти и јаглехидрати, но содржи многу влакна, вода и витамини, а сето тоа води до заклучок дека карфиолот е многу хранлив зеленчук. Карфиолот содржи и многу фитохемикалии кои се корисни за нашето здравје.
Спанаќ
Спанаќот е природен извор на витамини, минерали и растителни влакна. Богат е со фитонутриенти, особено бета-каротен и лутеин, кои го прават зеленчук со многу антиоксиданси кои ги штитат клетките на телото.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата