Рецепт за домашна шарска плескавица

Потребни состојки:

1 кг мелено месо

200г мелен кромид

30г буковец

50г сол

2 јајца

50г лебни трошки

1 кафено лажиче рендан лук

1 чаша минерална газирана вода

200г кашкавал

200г панцета

Подготовка:

Најголемата тајна при подготовката на домашни плескавици е кромидот. Имено, многу е важно кромидот да биде сомелен. Потоа, тој се додава во меленото месо, се додаваат и останатите состојки и убаво се размесува.
Смесата треба да отстои минимум 1 час во ладилник за состојките да се соединат.
Потоа се формираат плескавици, а во средината се додаваат по едно парче кашкавал и панцета.
Се пече на скара на дрва по десетина минути од секоја страна, на умерена температура. Две минути пред да бидат плескавиците испечени, се става по една фелка кашкавал одозгора.
Остатокот од панцетата може да се испече и да се додаде како прилог.

Добар апетит!

Поврзани

Најнови вести

Коментари