Рецепт: Рафаело кугли

Састојки:

- 2 дл вода,
- 200 г шеќер,
- 250 г маргарин,
- 200 г млеко во прав,
- 120 г кокос,
- 100 г лупени и печени лешници,
- 100 г кокоса за валкање на кугличките

Подготовка:

1. Шеќерот се топи во вода. Штом ќе се растопи се додава исецкан маргарин.
2. На средно загреана рингла се меша маргаринот со водата додека не се стопи, потоа се додава млекото во прав, кое се меша постојано да не се згрутчи. Потоа се додава 120 гр, кокос.
3. Смесата се лади отприлика два часа, а за тоа време се подготвуваат лешниците, кои се бланшираат за полесни да се симне лушпата. Во тавче се пропржуваат кратко, или во миктовална 3-4 минути се загреваат, и се оставаат да се оладат.
4. Кога добро се оладени и лешниците и сместа, се формираат топчиња кои во средината се става лешник а потоа се валкаат во кокос.

 

Најнови вести

Коментари