Рецепт: Посен ручек без конкуренција

Состојки:

900 гр. Карфиол
400 гр. тиквички
1 главица кромид
200 гр. праз,
1 страк цлер
125 гр. маслиново масло
4-5 чашниња лук
сол по вкус, бибер (може пикантно) презла за посипување

Подготовка:

Освен карфиолот и лукот останатиот зеленчук го сечете на коцки. Го динстате на загреано масло на тивок огон. Додавата два престофат сол да омекне и пушти вода. Залејте го со 500 гр, вода и варете ги додека не омекнат, а потоа ставете ги зачините и тргнете ги од огон.

Карфиолот кинете го на цветови и ставете ги во врела засолена вода. После 7-8 минути исцедете во цедалка и поминете ги со ладна вода

Во тавче наредете го карфиолот и малку посолете го. Посебно испасирајте го динстаниот зеленчук додека не добиете кремаста смеса и рамномерно полиете ја преку карфиолот. Чешнињата лук не ги лупете, само засечете ги ставајте ги по страните плехот и едно во средина.

Презлата распоредете ја врз кремот и карфиолот посолете малу, и печете во рерна загреана на 200-220 степени додека презлата не добие убава боја.

Подготовката на овој рецеп дозволува избор и на друг вид зеленчук зеленчук, во зависност од индивидуалните вкусови. 

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари