Рецепт: Погача која не се меси

Мека, едноставна и брза за подготовка.

Состојки

400-450 гр. брашно
100 гр. масло
25 гр. квасец
200 гр. млеко
100 гр. вода
1 лажиче сол

Подготовка:

Квасецот растворете го во млака вода, додадете млеко, шекер и маслото. На ова додавајте постепено брашно и сол, па со лажица измешајте го добро. Тестото е меко и лепливо (така треба да биде). Оставете го 30 минути.

Рацете намачкајте ги со масло и надојденото тесто измешајте го и ставете го во тепсија во која имате ставено масна хартија.

Со рака обликувајте го тестото и оставете да стои 15 минути, додека рерната се загрева на 200 степени. Се пече околу 30 минути.

Се служи топла со прилог од сирење, кајмак, павлака, мармалад, односно со она што вам ви прави задоволство.

Најнови вести

Коментари