Рецепт: Домашен кечап, без конзервански без адитиви...

Состојки

• 6 кг. домати
• 1 кг меснати црвени пиперки
• 6 главици средно големи главици кромид
• 5 чешниња лук
• 2 две китки магдонос
• 100 гр. шеќер
• 3 лажици сол
• 100 гр. вински оцет

Подготовка

Доматите измиени ги сечете на четвртинки. пиперките исчистени од семки ги сечете на неколку дела. Кромидот се сече на четвртини. Исчистените чешнињата лук, и миениот магдонос со останатите состојки варете ги околу 10 минути,
Сето тоа заедно ги цедете и ги пасирате. После пасирањето смесата се блендира. Потоа се додава шеќер, сол и варете ја на умерен огон.

Додека врие промешувајте ја смесата која создава пена со што постепено ќе исчезне. Смесата се вари околу еден час односно смесата да изврие половина од првобитната состојба.
Пред крај додадете оцетот и варете го уште десетина минути со постојано мешање, бидејќи ќе почне да прска.

кечапот додека е жежок го ставате во врели шишиња, или шишенца кои добро ги затворате, ги ставате во соодветен сад или гајба, ги замотувате со ќебе и ги оставатедо другиот ден додека се изладат.

Совет: ако сакате пикантна варијанта на кечап, за време на варењето пред да ги пасирате поделете ја смесата оноклу колку сакете пикантен кечап така што во едниот дел додека ги пасирате состојките ставите пасирана лута пиперка со што ќе добиете пикантен кечап, а во другиот дел можете оригано или босилок...

 

Најнови вести

Коментари