Погачици со кашкавал

Состојки:

Една поголема шоља брашно
маклу сол
четири лажици маслец
250 грама кашкавал
пет лажици вода
малку мелен бибер
едно јајце

Подготовка:

Во сад ставете го брашното, солта и бибер, потоа додадете го маслацот здробен и измешајте се заедно. На смесата додадете го изреднаниот кашкавал, водата и месете додека не добиете форма на топка. Ако тестото ви лепи додадете уште малку брашно.

Завиткајте го во фолија и ставете го во фрижидер 20 минути. Потоа тестот расукајте го во кора и вадете погачици со модла или чаша , а потоа премачкајте ги со жолчка. По желба можете да ги попрскате со сусам или мак.

Погачиците се печат на 250 степени околу 15 минути или додека тестото не добие злано-кафена боја.

Иделани за појадок, ужина, вечера а и за најавени гости.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари