logo
logo
logo

НАПРАВЕТЕ ВКУСЕН ХУМУС, по рецепт на Џејми Оливер

Vecer | 03.07.2024

НАПРАВЕТЕ ВКУСЕН ХУМУС, по рецепт на Џејми Оливер

Хумусот е традиционален намаз со потекло од Египет, кој во последните години станува сè подоминантен во исхраната на луѓето ширум светот. Својот статус на ѕвезда меѓу храната го доби поради богатиот вкус, хранливоста и ниската калориска вредност.

Овој намаз е богат со протеини и затоа е популарен меѓу вегетаријанците, а наутот кој е главната состојка е ефикасен во спречување на таложење на холестерол во крвните садови и го регулира нивото на шеќер во крвта.

Подготовката на хумусот е многу едноставна, идеален е за време на постот, но и во топлите денови, бидејќи се вели дека го топи салото. Во продолжение погледнете го рецептот на Џејми Оливер за ова здраво и вкусно јадење.

Потребни состојки:

  • 800 г наут (леблебија),
  • 4 лажички тахини (сусам паста),
  • 2 чешниња лук,
  • 1 лажичка морска сол,
  • 6 лажици ладно цедено маслиново масло,
  • 3 лажици сок од лимон,
  • пиперка и магдонос (по желба). 

Начин на приготвување: Наутот потопете го во вода и оставете го преку ноќ, а следниот ден варете го околу еден час. Кога ќе се свари, ставете во блендер и додајте ситно сечкан лук и сол, па постепено додавајте таан, маслиново масло и сокот од лимон. Кога ќе добиете компактна смеса, хумусот е готов за послужување. По желба при послужување можете да го украсите со мелен пипер и магдонос.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk