Направете си еспресо дома иако немате еспресо апарат! (ВИДЕО)

Многу од луѓето низ светот, не можат да го започнат својот ден без да испијат барем едно кратко еспресо. Седењето секој ден во кафулињата знае да биде понекогаш и скапо, а не секој дома има еспресо апарат. Баш поради таа причина се решивме да ви претставиме еден добар начин како да направите домашно кафе кое што не е баш вистинско еспресо, но е одлична замена.

Се што треба да направите е да земете еден мал сад и да ставите во неа млеко. Загрејте го садот и промешајте го млекото се додека не стане погусто. Во чашата, истурете лажица инстант кафе, две лажички шеќер и лажица врела вода. Промешајте додека мешавината не стане густа и кафена. Истурете 90% од складираната мешавина на кафе во саканата чаша од која пиете, а потоа ставете го млекото во неа. Потоа, истурете ја остатокот од мешавината на кафе и вашето кафе е подготвено.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари