Медитерански модер патлиџан

Состојки:

• 2 модри патлиџани
• 400 гр. мелено месо
• 1 домат
• 1 кромид
• 2 белки
• малку кисела вода
• 1 лажица павлака
• Зачини: морска сол, мирудии, оригано, бибер,(пикантно по избор)

Модрите патлиџани се сечат на половина, се прави во нив вдлабнатина, се посолувааат и се оставаат 10-15 минути да отстојат, да пуштат вода и евентуално да не горчат.  

Во загреано масло се пржи кромидот, се додава меленото месо, заедно да се потпржат. Се додава доматот излупен и ситно сецкан, миродиите, ориганото, сол и бибер.

Со хартија се впива течноста од модрите патлиџани. Со лажица се полнат модрите домати. Наполнетите патлиџани, залеете го со изматена белка, лажица павлака и малку вкисела вода. Се пече половина час на 220 степени.

Остатокот од филот може да се користи ако за следниот ден подготвувате полнети пиперки, тиквички или мусака...

 

 

 

Најнови вести

Коментари