Колачиња добродојдени и за новогодишни празници

Чоко фантазија: Колачи од обланди кој ќе ве воодушеват

Продукти:

• едно пакување обланди
• 25 лажици млеко
• 25 лажицо шекер
• ванилин шекер
• 250 гр. маслец
• 150 гр. мелена плазма (или бисквити)
• 100 гр. чоколаго
• 150 гр. кокос
• 200 гр, бело чоколадо
• 200 гр. млечно црно чоколадо

Подготовка:
Во длабок сад измешајте го шекерот и млекото, додадете го маслацот и чоколадото и ставете на рингла да се загре и растопи. Добро измешан се трга од рингла, се додава плазмата и кокосот. Кога добро ќе се соедини, филот премачкајте го преку обландите.

Обландите добро се притискаат со некој предмет за убаво да се стегнат, а потоа се стават кратко време во фрижидер. Потоа се сечат на коцки кои се поделени на две дела, еден се потопуваат во црно а другиот во бело чоколадо.
Се декорираат по сопствен вкус.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари